Првата недела од Триодот е посветена на параболата за митарот и фарисејот. Црквата наша со убавата и боговдахновена химнологија го насочува нашето внимание следејќи го словото на Господа, дека онаа молитва којашто спасува и го оправдува човекот не е молитвата на човек којшто верува во неговите добродетелите и праведност и во добрите дела, туку молитвата на човекот што има скрушено срце и како митарот повикува кон Бога: „Боже, помилуј ме грешниот“.
Христос е Жива Вистина: ,,Јас сум… вистината и животот“ (Јн. 14, 6), беспочетен Живот, од ништо и никој ограничен, неусловен, совечен на Отецот, од Отецот нераздвоен, неодделив. Неговата Љубов и Неговата Светлина ме допреа уште во раната зора на мојот живот.
Телото е како харфа на која душата, разумна и бесмртна, како музичар свири. Душата го движи телото, а таа самата себе се подвижува, зашто движењето на душата не не ништо друго туку живот на душата. За телото велиме дека живее кога се движи, а умира кога престанува во него движењето, т.е. кога го напушта душата... Животот пак на душата е Логосот Божји, и таа се умртвува штом ќе се оддели од заедницата со Него.
,,Словото Божјо е – вистина“ (Јн. 17, 17); ,,заповедите евангелски се - вистина“ (сп. Пс. 118, 86); ,,секој човек е лажливец“ (Пс. 115, 2). Сето тоа е посведочено во Светото Писмо. Како пак од оној кој е лага мислиш да го слушнеш гласот на светата вистина?
Сакаш ли него да го слушнеш - да го слушнеш духовниот глас на светата вистина? - Научи се да го читаш Евангелието: од него ќе ја слушнеш вистината, во него ќе ја увидиш вистината. Вистината ќе ти го открие твојот пад и врските на лагата, врските на самозалажувањето, со кои
невидливо е сврзана душата на секој човек кој не е обновен од Светиот Дух.