Првата недела од Триодот е посветена на параболата за митарот и фарисејот. Црквата наша со убавата и боговдахновена химнологија го насочува нашето внимание следејќи го словото на Господа, дека онаа молитва којашто спасува и го оправдува човекот не е молитвата на човек којшто верува во неговите добродетелите и праведност и во добрите дела, туку молитвата на човекот што има скрушено срце и како митарот повикува кон Бога: „Боже, помилуј ме грешниот“.
Христос е Жива Вистина: ,,Јас сум… вистината и животот“ (Јн. 14, 6), беспочетен Живот, од ништо и никој ограничен, неусловен, совечен на Отецот, од Отецот нераздвоен, неодделив. Неговата Љубов и Неговата Светлина ме допреа уште во раната зора на мојот живот.
Телото е како харфа на која душата, разумна и бесмртна, како музичар свири. Душата го движи телото, а таа самата себе се подвижува, зашто движењето на душата не не ништо друго туку живот на душата. За телото велиме дека живее кога се движи, а умира кога престанува во него движењето, т.е. кога го напушта душата... Животот пак на душата е Логосот Божји, и таа се умртвува штом ќе се оддели од заедницата со Него.
,,Словото Божјо е – вистина“ (Јн. 17, 17); ,,заповедите евангелски се - вистина“ (сп. Пс. 118, 86); ,,секој човек е лажливец“ (Пс. 115, 2). Сето тоа е посведочено во Светото Писмо. Како пак од оној кој е лага мислиш да го слушнеш гласот на светата вистина?
Сакаш ли него да го слушнеш - да го слушнеш духовниот глас на светата вистина? - Научи се да го читаш Евангелието: од него ќе ја слушнеш вистината, во него ќе ја увидиш вистината. Вистината ќе ти го открие твојот пад и врските на лагата, врските на самозалажувањето, со кои
невидливо е сврзана душата на секој човек кој не е обновен од Светиот Дух.
Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште сме ограничени во времето, бидејќи сме телесни луѓе и уште не сме одврзани од врските на овој привремен живот. Меѓутоа, по благодат, уште од сегашниот живот имаме учество и претвкус на идниот век, на бесконечното Царство Божјо. Ако тоа се случува на секоја Литургија и на секое црковно богослужбено собирање, тогаш многу повеќе ова чувство го имаме кога празнуваме големи настани поврзани со спасението, како што е божественото Господово раѓање, кое денес го празнуваме.