06/04/2020

                  по повод Благовештение

 

Цвет не можам да донесам

зошто таква градина немам,

која послана може да биде

од мириси кои срце не ги виде.

 

27/03/2020

Кондак 1
Избран мачениче и Божји угодниче, натопувајќи ја земјата со чесната твоја крв и испросувајќи од Бога плодородна земја, пофалби од длабочината на душата ти возгласуваме со песни. Ти кој имаш голема смелост пред Господа, од сите беди ослободи нѐ, за да ти повикуваме:

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

23/03/2020

Ја чекам да се буди
Или таа ме чека да се разбудам,
За сето она што ми се нуди
Надевајќи се дека ќе се вразумам.

Полека ја подава својата свежина
Независно од тоа дали е облачно или ведрина,
Давајќи ми пример – што и да се случи,
Господ промислува и постојано нѐ учи.

04/03/2020

Човечкиот јазик е предназначен да изрази реалности од различни планови: постои житејски план на природни потреби; постои нему близок, а сепак од него различен план на примитивни душевни чувствувања и страсти; постои јазик на политичка демагогија; постои научен, философски, поетски јазик; на крај, највиш од сите – јазикот на Божественото Откровение, молитвата, богословието и другите односи меѓу Бога и луѓето - јазикот ЛИТУРГИСКИ.

25/02/2020

Многуговорливоста е престол на суетата, на кој таа радо се појавува во целиот свој сјај.

Многуговорливоста е знак на незнаењето, капија на оговарањето, предводник  во шегувањето, слуга на лагата, лишување од смирението, повикувач на унинието, претходник на соништа, расејување на молитвата, губиток на вниманието, ладење на топлината, гасење на молитвата.

13/02/2020

Духот

Ме влечи кон Себе
но телото не знае
мерка на издржливост има
не може да го собере она кое не го поима.

The Spirit

He draws me to Himself,
but the body does not know,
measure for endurance it has
cannot gather what it does not understand.

11/02/2020

         Првата недела од Триодот е посветена на параболата за митарот и фарисејот. Црквата наша со убавата и боговдахновена химнологија го насочува нашето внимание следејќи го словото на Господа, дека онаа молитва којашто спасува и го оправдува човекот не е молитвата на човек којшто верува во неговите добродетелите и праведност и во добрите дела, туку молитвата на човекот што има скрушено срце и како митарот повикува кон Бога: „Боже, помилуј ме грешниот“.

06/02/2020

Птиците гнезда имаат
а лисиците дувла свои,
човекот од копнеж поттикнат
трага по домови небесни.

Радувај се светла Христова гулабице!

 

04/02/2020
Првото слово на Господ, односно кога ја започна проповедта Своја, беше: „кајте се и верувајте во Евангелието“. Не рече „се покајавте“, туку рече „кајте се“, нешто коешто значи дека покајанието е за сите нас поставка за цел живот.