
ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!
Кондак 1
Избирајќи ја од сите родови Пречистата ангелолика Дева, и од Неа раѓајќи се по плот Христе Боже наш; благодарност Ти принесуваат Твоите слуги, Владико. Ти пак, бидејќи имаш неискажливо милосрдие од сите беди ослободи не', за да Ти повикуваме:
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!
Се упокои во Господа схимонахиња Атанасија.
Господ да ѝ подари Царство Небесно!
По големата Божја милост за прв пат излезе од печат Акатист на преподобниот отец наш Јоаким Осоговски, Сарандопорски пустиножител.
Вие – Царице небесна
Ти ѕвездо водителка
Вие трепет ангелски
Ти познание кое јасно си.
Како да те именуваме
кога за друга светлина човечка не знаеме,
како да ти се заблагодарам
и што уште од тебе да измолам.