Во чест на поетот Коста Солев Рацин, кој на денешен ден во 1943 година на планината Лопушник загина на 34 годишна возраст.
Слепченскиот манастир посветен на славниот Претеча во својата десетвековна историја дал многумина истакнати црноризци, кои несебично се вградувале во евангелската и просветната мисија на овој стожер на словенската црковна традиција на славната Охридска архиепископија. Повеќето од нив се истакнале во препишувачката и преведувачката дејност оставајќи зад себе богато книжевно наследство. Така, овој манастир останува запомнет како еден од најавтентичните продолжувачи на делото на славните св. Климент и Наум. Особено, пак, процветал во времето на големата агарјанска наезда, кога паствата на архиепископијата го понеле тешкиот јарем на иноверното османлиско ропство.
Научниот интерес за Слепченската обител до сега главно беше сконцентриран на нејзината книжевна дејност, но овој манастир крие и една друга димензија која секако е и примарна димензија на секој манастир. Станува збор за монашкиот живот во него и светоста, која е главна цел на секој христијанин, а особено на монахот, кој напуштајќи ги житејските грижи се стреми единствено да Му угоди на Бога – неговиот небесен Младоженец. Несомнено многумина со својот подвиг во Слепче Му угодиле на Бога, живеејќи го мачеништвото на совеста и исполнувајќи ги монашките завети.
Првото слово на Господ, односно кога ја започна проповедта Своја, беше: „кајте се и верувајте во Евангелието“.1 Не рече „се покајавте“, туку рече „кајте се“, нешто коешто значи дека покајанието е за сите нас поставка за цел живот. Затоа светиот Григориј Палама во беседата за навечерието на Водици вели дека: „Покајанието е почеток, средина и крај на уредувањето на христијанскиот начин на живот“.2 И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во животот на светителите коишто иако имаат стигнато многу блиску до Бога, сепак имаат едно вистинско покајание, еден покаен дух кој нѐ изненадува, зашто ние ја гледаме светоста на нивниот живот, но и крајното смирение и големото покајание нивно. Трајно дело на Христијаните е покајанието. И трајно дело на монахот ...
Во чест на поетот Коста Солев Рацин, кој на денешен ден во 1943 година на планината Лопушник загина на 34 годишна возраст.
Воочи празникот на светиот свештеномаченик Кипријан Слепченски, по Божјо благоволение, излезе од печат вториот дел од книгата Слепченски пролог со химнографија, творештво на сестринството на Манастирот св. Јован Претеча Слепче.
Во вториот дел, продолжение на месец Декември, се содржани светителите кои се празнуваат од 10 до 20ти ден во месецот, нивно пролошко житие, икона на светителот, тропар на македонски, со превод на црковнословеснки и англиски јазик, приложени на западни нотни и источни неумски партитури.