Ми кажаа дека русите имаат посебни молебни служби каде се молат за Русија. Имаат свои тропари, канони и химни за Русија и ги пеат во црква. Имаме ли ние тоа за нас?
Секако дека имаме, но треба да дефинираме што значи тоа “ние” оти во Православието не постојат “ние и вие” туку сé е сведено на јас и мојот брат ( или сестра) во Христа и од тој личносен однос почнува човекот да го гради својот однос со Бога за да стигни до она што е кажано во Светото Писмо “лице во лице”.