ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

04/02/2020

Првото слово на Господ, односно кога ја започна проповедта Своја, беше: „кајте се и верувајте во Евангелието“.1 Не рече „се покајавте“, туку рече „кајте се“, нешто коешто значи дека покајанието е за сите нас поставка за цел живот. Затоа светиот Григориј Палама во беседата за навечерието на Водици вели дека: „Покајанието е почеток, средина и крај на уредувањето на христијанскиот начин на живот“.2

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во животот на светителите коишто иако имаат стигнато многу блиску до Бога, сепак имаат едно вистинско покајание, еден покаен дух кој нѐ изненадува, зашто ние ја гледаме светоста на нивниот живот, но и крајното смирение и големото покајание нивно.

Трајно дело на Христијаните е покајанието. И трајно дело на монахот е покајанието. Затоа, отци, дојдовме овде во пустината за да покајанието стане основа на животот наш. Главното дело ни е тоа, сѐ друго е второстепено. И само кога сето останато се интегрира во тоа главно дело на покајанието има цел и значење.

Вчера ги дадовме со благодатта Божја службите3. Овие ги зедовме за да и тие бидат еден пат на покајание, еден начин со којшто во послушанијата ќе го изразуваме покајанието, но ќе се стремиме преку благоговеен подвиг на послушанијата да ја живееме суштината на покајанието.

Затоа би сакал денес да Го помолам Бога да нѐ просветли сите, никогаш да не бега од нашиот ум, тоа коешто го истакнав, дека главното наше дело е покајанието. И секој ден да е подлабоко покајанието, поцелосно покајанието, попријатно на Бога покајанието. И колку се покајува некој, толку чувствува потреба да и повеќе треба да се покае. И Бог да нѐ исчува да не се приврземе со други работи второстепени, уште и во монашкиот ни живот, кои ќе ни направат да ја изгубиме главната наша цел и погледот на покајанието ни.

Затоа целото уредување на монахот, и облеклото негово и односот негов со другите, и молчењето негово и самоукорувањето и свртеноста кон себе, сите овие се белези на душа која се кае. И монахот може да е надворешно монах, но внатрешно доколку го нема покајанието, не е монах.

Затоа отци, многу ве молам правејќи послушание на проповедта на Спасителот наш “покајте се, се приближи Царството Небесно“4 подвизувајте се и вие и јас. Да се подвизуваме и да сме сите ние секогаш монаси во покајание. Тогаш ќе Му благодариме на Бога, и тогаш и братството наше ќе е покајно братство, и тогаш ќе ја има и благодатта Божја братството ни, и тогаш ќе го помогни светот. Затоа што не претстоиме ние монасите да го помогнеме светот ниту со беседите, ниту со книгите, ниту со било што од овие. Со покајанието наше ќе го помогнеме.

Ако ние се покаеме тајно, Бог ќе благословува и ќе закрепнува. И ќе ги помогне и другите луѓе коишто и тие ја чекаат од нас оваа работа - примерот на покајанието. Затоа и Светите Канони велат дека монахот е оној којшто врежува во светот, имено, покажува пример на покајание.5

Ако денес светот е во потешкотија да се приближи на Христа, потешкотува зашто му недостига покајанието. Ако денес богословите наши – некои од богословите – гледаме дека не можат да го сфатат подлабокото значење на Православната теологија, тоа се должи на тоа, дека исто така недостасува покајанието. Ако Црквата нема толку одлучувачко присуство во светот, тоа се должи дека луѓето во Црквата не сме луѓе на покајанието.

Затоа значи, проповедта на Господ наш не е само за оние коишто се надвор од Црквата, но е и за нас коишто сме внатре во Црквата и внатре во монаштвото.

Господ го чека од сите нас тоа што Му е поблагоугодно Нему и поцелосно покајание.

1 Марко 1,15

2 Γρηγορίου Παλαμά έργα, 'Ομιλία ΝΘ', «Περί τών κατά το θείον Βάπτισμα τελουμένων...», ΕΠΕ, Θεσ/νικη 1986, τόμ. 11, σελ.480.

3 На почетокот на секоја година се воспоставуваат послушанијата не секој брат, со кои ќе се занимава трајно во текот на целата година.

4 Мат. 4,17

5  Βλ., μγ’ κανών της  ΣΤ’ Οίκουμενικης Συνοδου, εν Αγ. Νικοδημου Αγιουρείτου, Πηδάλιον, εκδ. Β. Ρηγοπουλου, Θες/νίκη 1982, σελ. 259.

По молитвите на блажениот старец Георгиј, Господи Исусе Христе, помилуј не!

Превод: сестринството на манастирот