Тревки, што се пробиле низ асфалтот. Една од сликите на моето детство, што ми се запечати во сеќавањето, - тоа е густата трева и грмушките, што растеа крај оградата на нашата куќа, што излегуваше во една тивка, осамена уличка.
Кој ви кажа дека е тешко да се спасиш? Потребно е само да се посака, и одлучно да се зафатиш за делото - и спасението е готово.
Секаде е можно да се спасиш и секаде да пропаднеш. Првиот ангел меѓу ангелите отпадна. Еден апостол помеѓу апостолите во присуство на Самиот Господ отпадна.
Духовно раководство и послушание
21.Плаши се да не останеш без никакво раководство; барај го него како вистинско богатство.
За духовниот живот
1. Не кажувајте: ,,Јас не можам”. Тоа не е говор на христијанин. Христијанинот вели: ,, Можам се' ”, но не сам по себе, туку со Господ Кој ни дава сила.
Молитвата е бесконечно творење, повозвишено од секоја друга уметност или наука. Преку молитвата ние влегуваме во општење со Беспочетното Битие.
Или поинаку кажано: животот на Самопостоечкиот Бог влегува во нас по тој канал. Молитвата е акт на најголема мудрост, на сенадминлива убавина и достоинство.
Духовниот живот треба да вклучи во себе борба за времето. Во однос на надворешното време големо значење има доследноста и поредокот на работите. При хаос во работите на времето на нив оди (се одвојува) многу повеќе отколку што е неопходно.
Целта на нашиот живот е да станеме совршени и свети. Да бидеме деца Божји и наследници на Царството небесно.
Да внимаваме да не бидеме лишени од идниот живот, заради овој, поради животните грижи и неспокојот, да заборавиме на целта на нашиот живот.