27/03/2023

Кондак 1
Избран мачениче и Божји угодниче, натопувајќи ја земјата со чесната твоја крв и испросувајќи од Бога плодородна земја, пофалби од длабочината на душата ти возгласуваме со песни. Ти кој имаш голема смелост пред Господа, од сите беди ослободи нѐ, за да ти повикуваме:

Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче!

07/01/2023

Изгрева уште една

ѕвезда на обоеното небо,

дишење се смири

Он се овоплоти, а ние повикавме:

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

31/12/2022
По големата Божја милост, уште еден Слепченски ракопис во фототипно издание се врати во манастирската библиотека, во матичниот манастир каде што беше создаден. Станува збор за Слепченскиот Поменик од 16 век, кој во 19 век бил распарчен на два дела и оттуѓен од Манастирот.
06/08/2022

   

Во циклусот предавања кои секоја недела по Светата Божествена Литургија се одржуваат во Манастирот Свети Јован Претеча, беше претставен и најстариот автентичен Апостол, кој се смета за најнепосреден директен криличен препис од Кирилометодиев Апостол оригинално напишан на глаголица.
26/07/2022

По повод чествувањето на борбата со која народот во Македонија се трудеше да ја добие својата слобода, а воочи празникот *Илинден* кој стана национален македонски празник, но и символ на македонскиот непокор, на *30. 07.2022 година во 9 часот, при влезната капија на Манастирот св. Јован Претеча Слепче,* која со векови ги чува трагите од куршумите на сите оние кои не се ослободија од своето властољубие како желба да владеат со другите, ќе се отслужи *ПАНИХИДА* за сите оние кои го положија животот застанувајќи во одбрана на сираците, вдовиците, немоќните, и сите кои ја сакаат слободата од Бога им дарувана. 

07/07/2022

Што да објавам на светот за тебе,
дали сум дел од твоето лозје
дали ќе дозволиш калемов
да се пренесе жив на првиот чокот ?

Еднаш порти ми отвори
во твој предел монах молитва сотвори,
зад мене одамна се затвори
трло кое се бори да не ме испушти.

13/06/2022

Во чест на поетот Коста Солев Рацин, кој  на денешен ден во 1943 година на планината Лопушник загина на 34 годишна возраст. 

Да ти кажам

мисли да не си прекинувам,

поет на пат не сретнав

но Коста на срце прилегнав.

 

31/05/2022
Јоаким Крчовски е родоначалник на новата македонска книжевност, народен учител и проповедник. Автор е на пет книги, печатени помеѓу 1814 и 1819 г. во австроунгарскиот град Будим: „Слово исказаное заради умирание“, „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, „Митарства“, „Чудеса Пресвјатија Богородици“ и „Различна поучителна наставленија“.
29/04/2022

Воочи празникот на светиот свештеномаченик Кипријан Слепченски, по Божјо благоволение, излезе од печат вториот дел од книгата Слепченски пролог со химнографија, творештво на сестринството на Манастирот св. Јован Претеча Слепче. 

Во вториот дел, продолжение на месец Декември, се содржани светителите кои се празнуваат од 10 до 20ти ден во месецот, нивно пролошко житие, икона на светителот, тропар на македонски, со превод на црковнословеснки и англиски јазик, приложени на западни нотни и источни неумски партитури.