Животоносен Источник

23/04/2020

Патека не ни посла
туку пат отвори,
во плотта наша
Животот да се обнови.

Но во Тебе Пресвета,
Он се смести,
Он на Кого Небесата престол му е,
а  земјата подножје на нозете Негови.

Радувај се Пресвета,
радувај се Преблагословена,
реката благодатна
преку Тебе до нас стигна.

Радувај се,
за да и ние се израдуваме
на  ветеното кое преку Тебе
ги допре устите жедни,
ги чисти срцата острастени
ги лекува душите болни.

Источнику на благодатта,
Источнику на бесмртноста,
надеж на сите кои стапалки Ти целиваат.

И пак ќе речам:
Радувај се Животоносен Источнику !

Од поезијата Манастирски води
на сестринството на Слепченскиот Претеченски манастир