ВО ПОЧЕТОКОТ

21/05/2020

       

                            на Св. Јован Богослов

 

Те повика благодатта,
те озари светлината,
те просветли вистината,
те освои Животот.

О Јоване благодатен имателу,
о јагне кој го исповеда Јагнето,
о покрову со срце отворено
за Оној Кој душа ми подари.

Моли се благовестнику,
моли се за души наши мелему,
моли се за оние кои глави приклонуваат
пред Оној Кој величие ти подари.

Нека Ангелите ликуваат
кога души се спасуваат,
нека небесата се отвораат
кога се каат луѓе кои кон тебе повикуваат.

Радувај се апостоле !
Радувај се наш покровителе !
Радувај се усто незамолчлива
и брза за нас застапничка !
Радувај се ти од кого слушаме
Во почетокот беше Словото.

 

Од поезијата Манастирски води на сестринството на манастирот