Залез

28/08/2023

 

                         на Успение

Мајко на Животот

Извору на милосрдието

Лулко на простувањето

Огну кој ревност поттикнуваш

Сонливи очи пробудуваш

Тивко душава ја допираш

Изворот на вистината ни го приближуваш

Во залезот на земното битисување

Ангелски пој на радост слушнавме.

 

Царице Небесна

Ако и безброј прегрешенија имаме,

Радост солзна при Тебе имаме,

Извор на простување под Твојата наметка

Цвету кој во успение не' приведе,

Елеј на радост од Тебе примаме.

 

Од поезијата Манастирски води на Сестринството на Слепченскиот Манастир