ОГАН
на свети пророк Илија
Небесна роса
непрестано срце ти освежуваше,
но и оган долеваше
на ревонста која во тебе битисуваше.
Чекори ти беа
одраз на Негови стапалки,
за кои ти пророкуваше
благодат врз благодат,
ах, небо над човечки род ветуваше.
Великиот Син Свој,
не поштеди,
а ти о, велик Илија,
на световни мудреци
војна објави.
Спремен и здив последен
за Него да испуштш,
готов и во пекол
со кочија да слезиш,
само, само Него да не Го изневериш.
Радувај се,
сила во смртно тело твое слезе,
радувај се,
благодат на твои зборови
води запре, планини израмни.
Ах Илијо,
именит на светоста Божествена,
ах лудило љубовно
кое го понесе кочија невпрегната,
коњи со здив пламенен
восхит и за човек нероден.
Спомни си за нас
кои катаден од тебе исчекуваме:
гревови согорување,
од падови подигнување,
очи разбистрување,
ревност во срца разгорување.
Од поезијата Манастирски води на Сестринството на Слепченскиот Манастир