
Без сомнение може да се каже дека архимандрит Рафаил (Каралин) е еден од најоригиналните и најсамобитните црковни писатели на нашите денови. И во исто време – еден од најиздаваните. Ако се обидеме некако да го карактеризираме творештвото на отец Рафаил во целина, може да се каже вака: тој е автор, поточно човек кој се стреми секогаш и во сите околности пред сѐ да зборува за тоа дека само е дено е потребно (Лука 10, 42) – да се зборува за спасението. Зашто, навистина: и зборуваат, и пишуваат, и полемизираат денес за многу нешта. За жал, главното често останува настрана, останува заборавено. А најважна е – човечката душа, која според зборовите на Спасителот, вреди повеќе од цел свет (види; Марко 8, 36). Душата и нејзиниот таен во Бога живот.