Небо на земјата - учење на св. Јован Кронштатски за Божествената Литургија

22/05/2019

Небо на земјата

Побожен читателу! Богато и привлечно духовно богатство се наоѓа пред тебе! За да се заинтересираш за него, неопходно е да прочиташ барем еден извадок од секогаш спомнуваниот угодник Божји, отец Јован Кронштатски (Сергијев) за спасоносната Литургија... Он самиот ја нарече „Небо на земјата“. А што може христијанинот да биде поскапоцено, поважно, поблажено од Небото? Во тоа е – срцето на нашиот живот! Но, порди важноста на темата, а исто така и поради изобилието на мисли и длабоката содржина на духовното искуство на Божјиот служител, оваа книга треба да се чита не само со вообичаено внимание, туку и со побожно чувство и со молитва, прекрстувајќи се. И не само што треба да се прочита, туку и да се препрочитува, зашто единствено така можно е да се усвои сето богатство на духовното искуство на о. Јован; зашто единствено така може во потполност да се открие душеспасителната полза од светите мисли и чувства на Старецот.

При тоа треба да се знае дека во нашата литература нема подобро разјаснување на духот и смислата на Литургијата; а во странство – нема ништо ни налик на тоа.

Оваа книга треба да му биде особено скапоцена на пастирот; нему самиот, преку неа ќе му се открие големо богатство, а тогаш тој ќе може и на другите да им го открие.

По молитвите на праведниот пастир о. Јован, нека и нас на земјата Господ нѐ спаси – за Небото.

Архиепископ Венјамин