
Преподобен Јосиф Исихаст
- Десетгласна духодвижна труба на старецот
- Овој живот - арена за борба
Превод : Сестринството на Слепченскиот Манастир
Преподобен Јосиф Исихаст
Превод : Сестринството на Слепченскиот Манастир
Оваа книга посветена на Светиот праведен Јоаким Крчовски е ново истражување на сестринството на Манастирот свети Јован Претеча Слепче. Во изданието покрај расветлувањата за неговиот живот, годината на раѓање и потеклото, особено се обработени неговиот духовен лик и подвиг.
Акатистот на преподобниот отец наш Нектариј Битолски Светогорец е творештво на сестринството на манастирот.
Во изданието е содржано кратко пролошко житие за преподобниот, акатистот на македонски и паралелен превод на црковнословенски јазик,
По големата Божја милост за прв пат излезе од печат Акатист на преподобниот отец наш Јоаким Осоговски, Сарандопорски пустиножител.
Кондак 1
Радоста твоја Науме свети, заблеска вис небеса,
кога Вишниот по твоите молитви погледна на родот човечки,
затоа со едно срце и една уста повикуваме:
Радувај се, оче преподобен Науме по чии молитви,
небесната благодат срце и души ни лекува!
Во овој Зборник на трудови од Втората научна конференција: Манастирот Слепче и поствизантиската уметност на Балканот од XVI и XVII век, се претставени текстови кои презентираат повеќе нови, досега малку познати и необјавени споменици од овој период, како и обиди за толкување на одредени појави иманентни за тематските и иконографските особености на поствизантискиот фрескоживопис и иконописот на почвата на Македонија
и диецезата на Охридската архиепископија во XVI и XVII век.
Регионот на Демир Хисар, средновековниот Железнец, претставува ризница на средновековната уметност и култура, чии содржини, иако одамна се познати пред научната и стручната јавност, дури во последниве години стануваат предмет на фокусиран научен интерес. Значајна улога за интензивирањето на проучувањата на културното наследство во овој регион има „Демирхисарската летна школа“, реализирана од 2017-2019 година, во чии рамки се спроведени научноистражувачките активности за монографијата на Сашо Цветковски Црква Свети Никола Слепче, Демир Хисар, издание на манастирот Св. Атанасиј Велики – Журче, Демир Хисар 2020.
Слепченскиот манастир отсекогаш бил чувар на словенската писменост, и во тоа древно светилиште на најдејствителен начин продолжила Кирилометодиевата духовна дејност за просветување на словенскиот род. За ова сведочат безбројните зачувани ракописи, почнувајќи од 11 век, кои се пишувани од различни генерации на монаси, а верификувани со непроценлива вредност, како по содржина, така и по изведба, калиграфија, корици, орнаментика, украсни иницијали, а денес ги красат странските библиотеки и музеи, пред се во Русија, Бугарија, Украина, Србија, Хрватска, Света Гора.
Душа на сите опити во Господа е „вниманието“. Без
внимание сите тие опити се бесплодни, мртви. Кој сака да се
спаси, тој мора така да се устрои себеси да може да „внимава
на себе“ не само кога е сам, туку и кога е опкружен со луѓе
и при расеаност, во која понекогаш против своја волја е
вовлечен од околностите.
Личноста почнува да зрее во осаменоста, во празнината. Човекот сфаќа дека се раѓа и умира сам. Останува сам и празен насреде овој свет. Во таа празнина почнува да гледа во себе, да слуша еден тивок глас, да ги гледа своите мисли во длабочините на срцето, да ја бара границата на своето битие… И тогаш, во таа длабока самост во себе тој открива очигледна бескрајност на постоењето, еден микрокосмос кој е честичка од севселенскиот миг на некоја вечност… И почнува таа празнина да се исполнува, да се осмислува со миговни тајни на нешто Велико и непознато.