Животот на преподобна Теодора и воздушните митарства

22/05/2019

Животот на преподобна Теодора и воздушните митарства

Во оваа книга јасно се гледа дека душата со телото не умира, како што мислат многу од телесните луѓе; таа е жива и заминува на дваесет судови за да даде одговор за сите свои дела што ги направила на земјата. Па, бидејќи нема ниту еден човек на земјата безгрешен, еве погодна прилика, од оваа книга, јасно да ги дознае своите гревови и навреме за нив да се покае, да се исповеда и својот живот да го исправи кон црковните заповеди, бидејќи по смртта нема покајание, туку само вечна мака!
Покајанието е едно од седумте Свети Тајни на црквата, кои Господ Исус Христос ги востановил и ги предал на својата Света Црква. Таа со нив ги чисти луѓето од гревовите и ги помирува со Бога. Гревот е духовна болест што ја убива душата, а покајанието е лек што ја оживува. Бидејќи на земјата нема човек без грев освен Богочовекот Исус Христос – затоа покајанието како душевен лек е потребно на секој човек. А без покајание нема живот вечен ниту спасение