
СВЕТ СПАСЕН СО УБАВИНА
(Кон Убавина од Кипријан Слепчански, 2018)
Честопати сме ја чуле или прочитале една од најутешните мисли на големиот романсиер и мислител Фјодор М. Достоевски: „Убавината ќе го спаси светот“. Таа топла, светла и длабоко човечна мисла многупати ни се наметнува и додека ги читаме песните и стиховите од стихозбирката Убавина, која е нова (веќе трета) заедничка поетска рожба на монашкото сестринство.