Тајната на спасението - архимандрит Рафаил Карелин

22/05/2019

Предговор

Тајната на спасението од Архимандрит Рафаил (Карелин)

Без сомнение може да се каже дека архимандрит Рафаил (Каралин) е еден од најоригиналните и најсамобитните црковни писатели на нашите денови. И во исто време – еден од најиздаваните. Ако се обидеме некако да го карактеризираме творештвото на отец Рафаил во целина, може да се каже вака: тој е автор, поточно човек кој се стреми секогаш и во сите околности пред сѐ да зборува за тоа дека само е дено е потребно (Лука 10, 42) – да се зборува за спасението. Зашто, навистина: и зборуваат, и пишуваат, и полемизираат денес за многу нешта. За жал, главното често останува настрана, останува заборавено. А најважна е – човечката душа, која според зборовите на Спасителот, вреди повеќе од цел свет (види; Марко 8, 36). Душата и нејзиниот таен во Бога живот.

Да се зборува и да се пишува за душата и нејзиниот живот, треба добро да се запознае сопствената душа и душата на другите луѓе. А тоа е многу посложено. Треба да се биде многу строг и внимателен во однос кон себе за навистина да се разбере: дека постои глас на душата и глас на страста; кон што се стреми душата од љубов кон Бога и кон што – сама од љубов кон себе самата. И во исто време, неопходно е да баучиме да ги љубиме оние што се покрај нас; зашто само тогаш преку несовршенство и недостатоци, немоќи и пороци, може да се види во луѓето она добро и чисто, кое, и покрај изопаченоста на човечката природа, се сочувало во нив, она заради кое Господ го љуби човека.

Со други зборови, за да може да се пишува за духовното, треба да се биде духовен, треба да се прими Дух, а за тоа треба да се даде своја крв и своја пот. Односно, потребен е подвижнички опит, чиј плод станува вистинитото, нелажно слово за патот на сапасението.

Книгата „Тајната на спасението“ се состои од два дела: првиот – 3 беседи за духовниот живот, за тоа што му се открива на човекот на неговиот пат кон Бога, што му предизвикува радост и тага, што го тера понекогаш да застане и со болка да гледа со своето срце.

Вториот, пак, дел се сеќавањата на отец рафаил за инзворедните подвижници на веќе поминатиот 20 век. со кои Господ по милсота Своја го поврзал со овој живот. Нивните ликови се зачудуваќки силни, некако проникливи, тие буквално го приковуваат вниманието на читателот кон себе.

Оној кој отец Рафаил на почетокот ќе му се покаже премногу „строг“, кога ќе ја дочита книгата до крај, ќе се убдеи дека тој е исто така толку строг и кон самиот себеси. Пришто во последниот случај, таа строгост, веројатно потсетува дури и на безжалосност. Ни се чини, нејзинито потекло е во неможноста макар и во нешто да се биде неискрен или да се лукави пред лицето на вистината. Зашто таа вистина си примеса, макар и со најмалку удел лага, веќе не е вистина. А само во светлоста на вистината, во нејзиното постигнување може на човек да му се открие главната тајна - тајната на спасението.