Дух животен - архимандрит Рафаил Карелин

22/05/2019

Дух Животен

Архимандрит Рафаил (Карелин)

Од издавачот

            Процесот на духовно формирање на современиот христијанин воопшто не е едноставен: секој тоа го спознал или ќе го спознае од споствениот опит. Има многу објективни причини што ја предизвикуваат таа „неедносавност“: повеќето наши современици се воцрковија веќе како возрасни, образувани личности, кои треба да го учат тој нов, црковен живот буквално од нула. Самиот живот на тие луѓе во многу нешта е несреден, често изграден на „пусто место“ – таму каде што во советските години сѐ беше уранто од основа, така што понекогаш човек ни по децении не може да го открие темелот на храмот. Малкубројни се луѓето кои имаат личен опит на аскетски, подвижнички живот, и кои можат да го споделат тој опит со другите, така што за многумина денес, учители стануваат книгите. На крајот на краиштата, светот околу нас не е полн само со соблазни – не, може да се забележи целосен губиток на она што порано се нарекуваше морален ориентир, сѐ што „не е забрането“ станува „дозволено“. Но има и уште една објективна сложенсот со која, практично, секој од нас се судира. За современиот живот е многу карактеристична некоја страшна површност, отстапување од внатрешното кон надворешното, спуштање од центарот кон периферијата. И истото тоа се случува и во современото христијанство: премногу често се ограничуваме на надворешните појави на своето благочестие, заборавајќи за тоа дека сѐ е сосредоточено во човечкото срце, дека самото „срце“ на христијанството се состои во скриениот, таен живот на нашата душа, во она што Светите Отци го нарекуваа внатрешно дејстување. Ние, всушност, живееме толку колку што се молиме, толку колку што Бог престанува да биде за нас надворешна реалност, толку колку што го восприемаме како наш живот. Зашто токму молитвата станува онаа златна нишка која го соединува земното со небесното: таа ја отвара за нас вратата во духовниот свет, нѐ воведува во него, му дава моќност на скриеното „внатре во нас“ Небесното Царство да се отоври.

            Но, токму молитвата толку често и упорно ја забораваме, токму нејзиниот свет е истиснат од нашиот ум, секогаш имаме многу работи кои ни се чинат „многу поважни од молитвата“. Сепак искуството покажува дека секоја работа, започната без молитва и сеќавање за Бог, на крајот се покажува како здание изградено на песок, кое одеднаш со силна бучава се урива, оставаќи ги своите градители без ништо. Истото искуство сведочи: нема ништо посилно и подејствително од молитвата, таа навистина е најмоќното оружје, со кое нѐ вооружува Самиот Господ, таа е, како што вели архимандритот Рафаил, она единствено богатство кое е секогаш со нас, кое никој не може да ни го грабне.

            Затоа ни е особено мило на читетелите да им ја предложиме новата книга на отец Рафаил, посветена на молитвеното делание. Особено интересно во овој однос е многу оригиналното толкување на посланието до седумте Цркви од Апокалипсата, во кое авторот ни го открива земниот однос на Бог и човечката душа. Искрено се надеваме дека книгата ќе им донесе голема духовна полза на нашите браќа и сестри во Христа, кои ревнуваат за своето спасение и бараат соединување со Бог во црковните Тајни и молитвеното стоење пред Него.