СЛЕПЧЕНСКИ ПРОЛОГ СО ХИМНОГРАФИЈА II дел Декември 10-20ти

18/11/2023

„Слепчанскиот пролог со химнографија“ е најнов благодарствен принос на сестринството од манастирот „Св. Јован Крстител“ во село Слепче, и претставува плод на молитвите и логичен епилог на благодатното искуство пластено низ вековите од жителите на ова сеправославно светилиште кај нас. За серијалот книги „Слепчански пролог со химнографија“ со сигурност може да се каже дека е значаен прилог кон православната хагиологија инхимнографија.“

роф. д-р. Димитриј Кумбароски

***

„Велико и многупофално е целокупното дело за создавање на зборниците од Сестринството на манастирот „Свети Јован Претеча“, во село Слепче, со житија и тропари, проследени од моментот на настанување на идејата инспирирана од Бога, до последната фаза со печатењето на книгите. Посебна почит и пофалба заслужуваат сите оние кои со своите идеи, знаење, ревност и копнеж, вклучително и композиторот Маестро Георги Секулоски, придонесоа да се создадат вакви уникатни зборници. Благодатно е да се знае нашиот молитвен застапник за секој ден, канонски признат од црковниот устав и календар, и нашиот застапник пред Бога за нашето духовно усовршување и во животните грижи. Го читаме житието, го пееме тропарот и се чувствуваме окрилени, бидејќи не сме сами на патот кон Бога! Работата на Сестринството е гнијално замислена за современите потреби на христијанското општество и за привлекување на сите во Православната црква, за Слава на Бога и вечно спасение!“

- Проф. д-р. Калин Кирилов

***

„Во приложениот исклучителен труд на сестринството од манастирот на славниот Претеча во Слепче, со благослов и под духовно раководство на отецот Серафим, пред нас се издигнува вистинското огледало што треба да ја покаже вредноста на современата македонска духовна култура и нејзиното еонично траење. Во овој колосален потфат на уметничко изобразување на животот на светиите кои останале помалку познати во историскиот живот на Црквата, и пеењето света песна за нив како довршување на нивната ипостас во миомирисните красотни простори на литургискиот живот, пред нас се отвора сета полнота и плодоносна суштина на монашкиот живот но и на врската на тој живот со Светиите. Дијалектичната напрегнатост на осамата и општежитието раѓа плодови достојни за жртвата на монахувањето. “

- Ристо Солунчев
Професор на Философски факултет, Скопје, УКИМ, и
Хорархос на Македонскиот византиски хор “Хармосини“

***

„ ...Со исполнувањето на подвигот што резултира со издавањето на Прологот, како подарок за нашата средина, монашките заедници на манастирите Свети Јован Претеча од Слепче и Свети Атанасиј Велики од Журче ја покажаа љубовта кон ближните, оцртувајќи ја хоризонталата на Крстот, додека со славословието упатено кон Бога содржано во книгата бидува исцртана и вертикалата на Крстот.“

  • д-р. Игор Радев