Акатист на преподобниот отец наш Јоаким Осоговски Сарандопорски пустиножител
По големата Божја милост за прв пат излезе од печат Акатист на преподобниот отец наш Јоаким Осоговски, Сарандопорски пустиножител.
Во оваа книшка посветена на преподобниот, содржано е неговото житие, акатистот на македонски јазик со паралелен превод на црковнословенски јазик, како и тропар, кондак и величание мелографирани по традицијата на источното пеење и со паралелен превод на западна нотација. Оваа книшка е збогатена и со стихови посветени на преподобниот Јоаким од едициите Манастирски води на сестринството на Слепченскиот Манастир Свети Јован Претеча.