СВЕТИ ПРАВЕДЕН ЈОАКИМ КРЧОВСКИ

23/07/2022

Оваа книга посветена на Светиот праведен Јоаким Крчовски е ново истражување на сестринството на Манастирот свети Јован Претеча Слепче. Во изданието покрај расветлувањата за неговиот живот, годината на раѓање и потеклото,  особено се обработени неговиот духовен лик и подвиг. Во изданието се наоѓаат и факсимили од неговите старопечатни изданија, негови текстови и беседи со паралелен превод на современ литературен македонски јазик, како и акатист посветен на светителот, химнографија и поезија.