Акатист на Преподобниот отец наш Наум Охридски чудотворец

30/07/2021

Кондак 1

Радоста твоја Науме свети, заблеска вис небеса, кога Вишниот по твоите молитви погледна на родот човечки, затоа со едно срце и една уста повикуваме:

Радувај се, оче преподобен Науме по чии молитви, небесната благодат срце и души ни лекува!

 

Икос 1

Вишно небо утеха подарува кога милоста Божја во тебе за човека се застапува, непријателот од тоа во тага  потонува, а ние ти воскликнуваме:

Радувај се, смирен патниче под сводот небесен!

Радувај се, подвижниче по чии молитви природата се скротуваше!

Радувај се, од Совршениот поучувајќи се, мирот Негов на учениците го подаваше!

Радувај се, благодатен човеку, од чие присуство демоните треперат!

Радувај се, болните пред тебе припаѓајќи  Христа Бога Го прославуваат!

Радувај се, преку тебе славословието на слабите на небесата се послушува!

Радувај се, ги оплемени со словото оние кои за слобода мечтаеја и на Бога се надеваа!

Радувај се, оче преподобен Науме по чии молитви, небесната благодат срце и души ни лекува!

                               

Кондак 2

          Науме преподобен, горски цвету во пустината, преку тебе вера и надеж во срца ни се раѓа, со љубов Еден во Троица, Пат, Вистина и Живот ни постанува, нам кои незапирливо повикуваме: Алилуја!