Што мислите за психичките болести како pure ocd, и други со години имам наметливи мисли се надевам на Божја помош, сум одел на молитви било подобро се враќа назат, исто така во црква кога сум чуствувам воземиреност нервоза сакам да верувам но не можам мозокот верува душата не

 

Драги наш брате во Христа Никола,
Најпрво, да се извиниме за доцнењето на одговорот, за кои причини не би ве оптоварувале. Но сега суштински да преминеме на одговорот.
Психичките болести од било кој вид се должат како прво на неправилно водениот духовен живот.
Уште поголема тежина или замав земаат кај оние кои и немаат духовен живот. Поаѓајќи од тоа сознание потребно е најпрво да се воспостави духовниот живот на човекот, односно, постојани и перманентни разговори со духовник, кој го има искуство од областа на психичките падови. Тоа го зборуваме бидејќи разлкуваме психички пад, духовен пад и телесен пад.
Тоа што тебе ти се случува: читањето на молитви, молитва пред иконите, итн. а од тоа придобивка е можното моментално послободно дишење, укажува за несредениот духовен живот.
Благодариме на Бога што сепак во тебе постои вера, којашто те утешува во одредени мигови, но, треба да го средиш својот духовен живот во вистината Христова, реалниот поглед на животот во овој свет, и надежта во Бога Кој ни го откри патот на спасението.

Слепченски Манастир