Дали исповед е задолжителна за Причест? На интернет има секакви објаснувања кои збунуваат, а не секој е во можност да бара свештеник посебно за исповед?

Исповедта во духовниот живот е придобивка која во пракса следи после покајанието, но всушност е можност која ни се отвара за да ја испитаме нашата совест. Ако кажеме дека е задолжителна, некој ќе рече: а каде е тогаш слободата на човекот, и тоа би било точно кога постот би го сфатиле само како одреден вегетарјански подвиг. Но, ако земеме во предвид дека постот е пред сѐ духовен, ние би требало неминовно да одиме на исповед пред да се причестиме.

Ова го потенцираат сите оние кои имааат повеќегодишно искуство со духовниот пост, бидеjќи знаат Кого треба да Го примат, знаат со Кого треба да се соединат. Тоа е Христос Живиот Бог, а причестувањето кое е Крв и Тело Христово, е оган кој ги изгорува недостојните. Значи, или ќе бидеме присоединети кон благодатта Божја или ќе бидеме осудени за нашето неиспитување. Тоа потекнува уште од првите векови и затоа постои и апостолско правило кое ги обврзува свештенослужителите да внимаваат кого причестуваат.

Значи, бидејќи човекот е пристрасен неминовно према себеси, он најдобро е да оди при својот духовник или свештенослужителот како би го изнел својот живот од последното исповедување до денот кога веќе се спрема за причестување. На тој начин, со искрена исповед верникот ја избегнува одговорноста тој сам одлучи дали да се причести или не, а како второ добива уште две можности – првата не само исповед за направени или не направени гревови, туку и можност да поразговара со духовното лице за одредени прашања кои се однесуваат за неговиот христијански живот, и втората, секој свештенослужител кој ќе ја прими исповедта од одреден христијанин, тој истиот го спомнува на проскомидија при идното негово свештенодејствие. Имајќи го во предвит горе изнесеното, сакаме да ви воочиме што би изгубиле со неисповедувањето или што би добиле со истото.

Господ да ви помогне во расудувањето.

Слепченски Претеченски Манастир