Ве молам кажете ми од која причина човек паѓа во депресија и како да се ослободи од неа?

Кире, депресијата настанува кога човек подолг временски период се наоѓа во „незадоволство“ од  животот. Постои позитивна и негативна депресија. Иако едната и другата се проследени со континуирана или прикриена меланхолија, кај позитивната постои процес на мила жалост во која се бара постојано внимание од другите, а кај негативната имаме појава на често лутење, незадоволство, дури и агресивност.

Причината е духовна, бидејќи постои несреденост на духовниот живот, перманентно одбивање да се постават целите или целта на животот човечки, така што, колку и да биде „квалитетен“ животот, односно живеењето, на крај постои секогаш можност сето тоа да се сруши. Немајќи реални потпори човекот паѓа во депресија.

Средувањето на депресијта е паралелизам со духовното средување во кое со помош на искусен лекар полека ќе се доведе личноста во рамнотежа, која ќе има реално соочување со искушенијата и пронаоѓање на реален поттик да се продолжи понатаму.

Слепченски Претеченски Манастир