01/01/2020

Од кога дознав за себе
Се прашував дали постоиш,
Дали си само спомната во бајките
Или си дел од нас – а само молчиш.

 

 

18/12/2019

Низ прозорец во ноќта,

низ двогледот на денот,

низ маглата на сонцето,

низ сенката на морето.

 

09/12/2019

Тревки, што се пробиле низ асфалтот. Една од сликите на моето детство, што ми се запечати во сеќавањето, - тоа е густата трева и грмушките, што растеа крај оградата на нашата куќа, што излегуваше во една тивка, осамена уличка.

05/12/2019

Кој ви кажа дека е тешко да се спасиш? Потребно е само да се посака, и    одлучно да се зафатиш за делото - и спасението е готово.

Секаде е можно да се спасиш и секаде да пропаднеш. Првиот ангел меѓу ангелите отпадна. Еден апостол помеѓу апостолите во присуство на Самиот Господ отпадна.

27/11/2019

Духовно раководство и послушание

  21.Плаши се да не останеш без никакво раководство; барај го него како вистинско богатство.

  1. Вистина е дека се‘ поретко и поретко се наоѓаат лица, на кои би можеле со доверба да им се обратиме за совети во однос на духовниот живот. Но нив секогаш ги има и ќе ги има. И оној кој ги бара секогаш ги наоѓа по милоста Божја.
21/11/2019

Молитвата е бесконечно творење, повозвишено од секоја друга уметност или наука. Преку молитвата ние влегуваме во општење со Беспочетното Битие.
Или поинаку кажано: животот на Самопостоечкиот Бог влегува во нас по тој канал. Молитвата е акт на најголема мудрост, на сенадминлива убавина и достоинство.

17/11/2019

Различна од мирот
Легнала во моите уши
Го стивнала немирот
Лек ли е за нашите души ?

15/11/2019

Духовниот живот треба да вклучи во себе борба за времето. Во однос на надворешното време големо значење има доследноста и поредокот на работите. При хаос во работите на времето на нив оди (се одвојува) многу повеќе отколку што е неопходно.

14/11/2019

Целта на нашиот живот е да станеме совршени и свети. Да бидеме деца Божји и наследници на Царството небесно.

Да внимаваме да не бидеме лишени од идниот живот, заради овој, поради животните грижи и неспокојот, да заборавиме на целта на нашиот живот.