14/11/2019

Современиот човек силно го чувствува дефицитот на време. Се чини дека времето лета сѐ побрзо и побрзо. Ноќта го менува денот како утрото да ги отвора трепките на небото, а вечерта за миг ги затвора. Во детството ни се чинеше дека денот трае необично долго, дека сонцето бавно, речиси незабележливо, како огромен кораб, плива во безграничните простори на небото, и на крај, после долго пливање стигнува на пристаништето зад горите, што го обрабуваат хоризнотот.

14/05/2019

Тебе ти зборувам

Спиеш ли
додека ноќта ме гуши?
Дишеш ли
додека денот ме заслепува?
Гледаш ли во виделина
додека те држам во темнина?

18/03/2019

“Ете ме мене и децата, кои Бог ми ги даде.” Јас не сакав да имам деца по тело во светот, но Бог вас ве даде на мене да ве имам како духовни деца. Таа реченица ми дава утеха, а претпоставувам дека и вам ви носи радост исто така. Ве имам како мои духовни чеда, па така и вие примете ме како ваш духовен отец.