50 поуки на светиот Теофан Затворник II дел

27/11/2019

Духовно раководство и послушание

    21.Плаши се да не останеш без никакво раководство; барај го него како      вистинско богатство.

  1. Вистина е дека се‘ поретко и поретко се наоѓаат лица, на кои би можеле со доверба да им се обратиме за совети во однос на духовниот живот. Но нив секогаш ги има и ќе ги има. И оној кој ги бара секогаш ги наоѓа по милоста Божја.
  2. Треба да му се молиме на Бога, да се оди кај духовникот со прашање, и да се моли Бога, да му ја даде потребната мисла на духовникот.
  3. Вистинското послушание е да се слуша, не гледајќи на причината (поводот) и без оглед на своето несакање.

Неволји

  1. Има многу живеалишта приготвени на небесата: но сите тие се живеалишта на оние кои страдат и се мачат.
  2. Кога надоаѓаат неволји, чувајте ја во умот мислата, дека тоа ви е пат кој Господ ви го пробива до Своето Царство, или поточно: ве фаќа за рацете, и ве води.
  3. Спасителната Божествена благодат, за будење на грешникот од успивање, ја насочува својата сила за разорување на оној столб, на кој некој самостално се утврдува и почива, и го прави следното: на оној што е врзан за угодување на телото, го фрла во болест и ослабувајќи  го телото му дава слобода на духот,  да си дојде при себе и да се отрезне. На оној што е опрелестен со својата убавина и сила, го лишува од убавината и го држи во постојано изнемоштување(слабост). Оној што се надева во својата власт и сила, него го подвргнува на ропство и понижување. Тој што премногу се потпира на своето богатство, му се одзема истото. Кој многу се возвеличува, тој бива посрамен како незнајко. Оној што се потпира на цврстината  на своите врски, кај него тие се раскинуваат. Оној што се надевал на вечноста на поредокот што го создал околу него, кај него тој се разрушува во лицето на смртта  или со губењето и на најпотребните работи.

Семејниот живот и воспитувањето на децата

  1. На оној што живее во семејство, нему и спасението му доаѓа од семејните добродетели.
  2. Бог го поставил мажот да &   биде чувар (заштитник) на жената. И неретко, тој и самиот не знаејќи го тоа, &   дава такви дозволи или забрани на жената, какви што Му дава Бог.
  3. Имајќи ја жената за сопатник со твојата силна љубов натерај ја да ти биде покорна.
  4. Жените треба да се украсуваат себеси првенствено со добродетели, другите украси да ги носат како нешто споредно.
  5. Неработењето со децата е најголем од сите гревови: во него  е крајниот степен на бесчестие.
  6. Секогаш им велам на мајките, грижливи за своите деца: вие сте причесници на маченичкиот подвиг, па таков венец и  очекувајте.
  7. Нема поголем грев од непочитување и  ожалостување на мајката. На оние кои ги почитуваат родителите  им се ветени богатства. А на оние кои не ги почитувааат лишување  од богатствата.
  8. Мошне благотворно (полезно) влијание на децата има нивното носење во храмот, приклонувањето кон светиот Крст, кон Евангелието, нивното принесување пред иконите, осенувањето со чесниот крст, попрскувањето со света вода, осенувањето на лулките со чесниот крст, храната и се' она до што се допираат децата, благословувањето на свештеникот, и воопшто с# црковно на чудесен  начин го загрева и храни благодатниот живот на децата, и секогаш е тоа вистинската безопасна и непробивна ограда (заштита) од нападите на невидливите темни сили.

Телесно здравје

  1. Здравјето - е како коњче: ако  го премориш нема на што да јаваш.
  2. Се' она недолично што сега вообичаено го зборуваат разузданите момчиња, после ќе се одрази во нивната старост со болести и немоќи.

  38. Воздржувањето од страстите е подобро од сите лекови, и тоа дава долг живот.                                                                                                         

Смрт и сеќавањето на смртта

  1. Сеќавај се дека, ти говорејќи, раѓаш збор, и тој никогаш не умира, но ќе живее до Страшниот Суд; ќе застане пред Тебе и ќе биде за тебе или против тебе.
  2. Како што е многу злото од мислите, така е и смртта за многумина. Повелете прибижете и се, и  запомнете, дека  неа нема ништо да ја прескокне.
  3. Засадете го во себе подлабоко стравот Божји, и тој земајќи го во своите раце орањето на бразди на вашиот внатрешен човек, ќе ве насочи да го следите Господа.                                                                                                                                                                                         (продолжува)