• Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Св. Кипријан Слепченски

Слепченскиот манастир посветен на славниот Претеча во својата десетвековна историја дал многумина истакнати црноризци, кои несебично се вградувале во евангелската и просветната мисија на овој стожер на словенската црковна традиција на славната Охридска архиепископија. Повеќето од нив се истакнале во препишувачката и преведувачката дејност оставајќи зад себе богато книжевно наследство. Така, овој манастир останува запомнет како еден од најавтентичните продолжувачи на делото на славните св. Климент и Наум. Особено, пак, процветал во времето на големата агарјанска наезда, кога паствата на архиепископијата го понеле тешкиот јарем на иноверното османлиско ропство.

Научниот интерес за Слепченската обител до сега главно беше сконцентриран на нејзината книжевна дејност, но овој манастир крие и една друга димензија која секако е и примарна димензија на секој манастир. Станува збор за монашкиот живот во него и светоста, која е главна цел на секој христијанин, а особено на монахот, кој напуштајќи ги житејските грижи се стреми единствено да Му угоди на Бога – неговиот небесен Младоженец. Несомнено многумина со својот подвиг во Слепче Му угодиле на Бога, живеејќи го мачеништвото на совеста и исполнувајќи ги монашките завети.

(повеќе)

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

Првото слово на Господ, односно кога ја започна проповедта Своја, беше: „кајте се и верувајте во Евангелието“.1 Не рече „се покајавте“, туку рече „кајте се“, нешто коешто значи дека покајанието е за сите нас поставка за цел живот. Затоа светиот Григориј Палама во беседата за навечерието на Водици вели дека: „Покајанието е почеток, средина и крај на уредувањето на христијанскиот начин на живот“.2 И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во животот на светителите коишто иако имаат стигнато многу блиску до Бога, сепак имаат едно вистинско покајание, еден покаен дух кој нѐ изненадува, зашто ние ја гледаме светоста на нивниот живот, но и крајното смирение и големото покајание нивно. Трајно дело на Христијаните е покајанието. И трајно дело на монахот ...

НОВОСТИ

Известување по повод канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида

   

  Почитувани браќа и сестри, за да не дојде до погрешно информирање на јавноста по повод канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска, наскоро ќе се објави Соопштение на Одборот за канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида.

 

 

(повеќе)

За љубовта спрема светот - Свети Исаак Сирин

Вистина е она што вели Господ, дека човек со љубов спрема светот не може да задобие љубов спрема Бога, дека општејќи со светот човек не може да општи со Бога, и дека грижејќи се за светот, не може да се грижи за Бога.

(повеќе)

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух! 

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа што на почетокот ќе биде под воспитувач, под туторство, старателство на своите родители, доаѓа момент кога ќе треба да се одлучи дали ќе тргне по патот да живее по Христа или ќе продолжи по патот на стихиите на светот, сето она што тој го нуди, сето она што светот го предлага на човекот.

(повеќе)

Беседа на денешното Евангелие, посветено на свети Ефтимиј Велики

Само кратко да се потсетиме: Луѓето бараат мир, велат дека се вознемирени. Луѓето бараат мир, велат дека се растревожени. Луѓето бараат мир, велат дека имаат сѐ и сешто во главата. Вулкани им експлодираат, помисли им брујат, а Евангелието денес ни зборува како да се има тој мир посочувајќи на Христа Кој вели: Поучете се од мене бидејќи сум кроток и смирен по срце. Што е кроткоста?

(повеќе)