Умозрение во бои - Евгениј Н. Трубецки

02/11/2019

Умозрение во бои

Евгениј Николаевич Трубецки

 

                  Вистинските „Етиди по руски иконопис“ возникнаа во деновите на големата светска војна и беа завршени во деновите на руската револуција. Првите две беа издадени во форма на одделни брошури, а последната се појави во „Руска мисла“ (јануар, 1918 година). Природно е што читателот во нив ќе најде одзвук на катастрофални собитија, кои ги доживеа Русија во последните години. Тоа не е проста случајност. Имено, катастрофалните доживувања во нашите денови на авторот му ја направија поимлива древно руската религиозна уметност, исто така родена во денови на тешки искушенија и давајќи одговор на великите народни страдања.

                  Ете зошто, издавајќи ги повторно тие етиди, јас не сметав дека е потребно да го менувам во нив тоа што беше предизвикано од условите на времето. Нека го носат печатот на таа епоха, кога возникнаа.

Евгениј Трубецки

Москва, 22 (9) септември, 1928 година