Патот на Христијанинот- архимандрит Рафаил Карелин
Патот на христијанинот
Веројатно името на архимандритот Рафаил (Карелин) на многумина им е веќе познато. Некој го читал зборнкот со негови проповеди издаден од Троице-сергиевата лавра на Московското Подворје, некој словата од книгата „Великите христијански празници“, брошурите „Мистиката на земното време“ и „Иконата ,Слава на Грузиската Каталикоска Црква‘“. Некој, пак ги сретнувал неговите поуки во молитвословите. Сепак, поголемиот дел од делата на отец Рафаил за широк круг читатели останува непознат. Неговото творештво – проповедите и беседите, поуките и статиите се-изворедна појава на православната литература, силна и самобитна.
Нашето време е – период на враќање (или просто доаѓање) во Црквата на огромен број луѓе, на оие кои биле оттргнати од неа и од самата вера во Бога во годините на отстапништвото и заборав. Но, доаѓајќи во Црква, многумина и понатаму остануваат како пред „затворена врата“. Животот во Црквата е сокриен, него не треба да го „разгледуваме“, во него треба да се влееме, со него да живееме. Но во неа е сѐ ново и непознато и толку не личи на она што нѐ окружува во овој свет. Тајните и чинодејствијата, песните и зборовите на молитвата – сето тоа нѐ погодува со својата величествена, неземна убавина. Но нивната вистинска смисла, самата суштина – често остануваат неотворени, неразбирливи. Уште потешко е да се дојде до правилно разбирање на внатрешниот, духовен живот, до принципите на аскетиката и православното подвижништво. Светото Писмо, делата на Светите Отци – тоа е клуч за разбирање на животот на човечкиот дух, неговото небесно предназначение, укажување на патот кон Богопознание и Богоопштење. А малку ли прашања се појавуваат во душата при читањето на овие книги? Словото на Писмото неретко се покажува за нас како нејасно, прикриено, а животот на Отците и нивното учење како – недостижно високи и неповторливи... И тогаш, ништо толку силно не може да помогне како словото на свештеникот, пастирот и духовен отец, поткрепено со опитот на сопствениот подвиг и исполнето со љубов кон оние што го слушаат. Понегоаш тоа е – слово на поука, понекогаш – на вразумување, неретко – на утешение. Но секогаш – нужно, живо и утешно, што ѝ олеснува на душата и ја развеселува, го изгонува мракот на тагата и ги просветлува очите на срцето.
Образец на такво слово има во проповедите на отец Рафаил. Сите тие се кажани во разно време и по повод разни случаи, сепак, во нив има нешто заедничко, што го обединува: авторот ќе ја искористи секоја можност за да го насочи патот на своите слушатели кон Небесниот Ерусалим. Тој како да го води по себе и му открива на оној што го слуша нов, духовен свет. Во тие проповеди може да се најде, веројатно, сѐ – од разобличување и укажување на средства за лечење од пророците на современиот свет до практични за борба на непријателите – демоните и нашите сопствени страсти. Пред нас последователно се откриваат и богослужбениот, литургиски живот на Црквата, и сокриениот живот на човечкото срце, патиштата кон кои човек оди кон Бога или се оддалечува од Него. Од значењето на црковните тајни отец Рафаил преминува кон откривање на тајните на приближување кон Бога со непрестајна молитва. Тој постојано ни напоменува: ние, христијаните, не сме само повикани за вечен, небесен живот, туку сме и – луѓе, род избран (1 Пет. 6,19) и не припаѓаме само на себеси (1 Кор. 6,19). И самиот наш дом каде што живееме, иако престојуваме во тело на земјата, - тоа е Црквата. „Домот во кој е Отецот, - како што повоторува отец рафаил, - е Самиот Бог. Мајката – Пресветата Богородица. Ангелите и Светиите се – наши постари браќа. А ние самите сме – браќа и сестри еден на друг“. Овде сме вон опасност, заштитени од секој непријател. Никој нема сила да нѐ извлече, да нѐ оттргне од црковната ограда, само ние да не ја оставиме Црквата. А оние кои се надвор, кога ќе го слушнат гласот на пастирот, нека побрзаат да влезат во неа.