Манастир свети Јован Крстител Слепче - зборник на трудови

02/11/2019

Манастир свети Јован Крстител Слепче - духовен, книжевен и уметнички центар

Зборник на трудови - Меѓународен научен симпозиум

Големината на народите не се мери според бројот на припадниците на
народот, туку според духот на тој народ, во духовната оставнина – ризницата.
Македонскиот народ им има оставено на поколенијата, но и на светот, огромно духовно богатство, чиј најголем дел бил разграбан и однесен од оние што управувале со македонскиот народ во периодите – годините и вековите,
кога ја загубил својата суверена држава и кога бил под наметната јурисдикција на соседните цркви и држави.
Бидејќи немал слобода и можност, поради ропската политичка и црковна
потчинетост, да го обелодени своето културно и духовно богатство во периодот што е зад нас, во овие години на јубилејни прослави, со организирани научни истражувања, ни се даде да ѝ обелодениме и да ѝ соопштиме на јавноста добар дел од културното и духовното богатство на нашиот македонски народ.
Во тој дух, голем придонес е направен со организираните истражувања
на дејците од културата, историјата, писменоста, поезијата, археологијата (сакрална и рурална) и уметноста, со една поширока хронологија, претставувајќи повеќе сегменти од постарата и поновата историја на Демирхисарското црковно и духовно културно наследство, по повод јубилејот, 1000-годишнината на манастирот Св. Јован Претеча, Слепче и Демир Хисар.
За таа цел, под раководство наорганизацискиот ина уредувачкиот одбор
на Зборникот, собрани се трудовите на учесниците во јубилејната прослава за
да ѝ бидат достапни на севкупната јавност, и со тоа да се претстави нашето
културно, црковно и духовно богатство.
Целта на зборникот на овие трудови е, покрај трудовите што биле претставени досега, да се поттикнат сите заинтересирани личности, како учесници во промоцијата на културното наследство во Демирхисарско, посебно на манастирот Св. Јован Претеча, Слепче, да дадат и свој придонес во функција на долгорочните планови и активности.
Зборникот на трудови топло им го препорачуваме на читателите.


Со Божји благослов,
Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралисконовозеландски
+ ПЕТАР