Љубовта е посилна од смртта

02/11/2019

Духовен дневник на Св. маченичка Александра Фјодоровна Романова од 1917 година

,,Секое срце треба да биде мала градина. Таа треба секогаш да биде исчистена од каколот и да биде преполна со прекрасни растенија и цвеќиња. Градинарското катче насекаде е убаво, не само по себе, туку затоа што донесува радост на сите кои го гледаат... На Бога Му е угодно нашите животи да ги направиме такви што тие од мракот да го искупат она што не опкружува и да го преобразат во нешто пречудесно. Да кажеме дека во оваа градина има дрвја и цвеќиња и сите растенија се с# уште во прегратката на зимата. Како што пред доаѓањето на пролетта, дрвото е голо, но илјада пупки чекаат само да ги допрат топлите сончеви зраци за да се рашират во живо цвеќе. Жбуновите на ружите се голи и бодликави и засега се лишени од убавината, но доволни се само топол пролетен воздух и тивок дожд за да се облечат во чудесна свечена облека. Полињата се мрачни и безживотни, но има милиони корења кои само чекаат нежност да пролетното небо да се крене нагоре во свежината и зеленилото.
Ова потсетува на слика која е опишана како повик на ветрот:
,,Разбудете се ветрови, и вејте на овој зимски пејзаж, да предизвикате убавина, миомирис, живот“.
Зарем тоа исто така не потсетува на сликата на животите на многумина? Зарем нашите дарови и нашите молитви не остануваат како непроцветани пупки? Зарем ние не го правиме во животот најдоброто за кое сме способни? Исто така, зарем им помагаме на другите луѓе, зарем размислуваме за нив и зарем сме добри кон нив онака како што треба да бидеме? Ние не можеме да ја одгледаме љубовта кон другите во своето срце без Божественото вдахновение. Прекрасните особини на христијанскиот карактер не се обични добродетели. Во писмата за нив се зборува како за плодовите на Духот. Ништо освен љубовта Господова не може да разбуди во нас духовна сила и можност... Радоста на спасението се раѓа од болката за покајанието. Пепелта на големите несреќи ја прави плодна нивата на човечките животи и добродетелите на неа никнуваат во изобилство. После голема неволја животот ни станува илјада пати поважен. И од плодовите на вашата љубов се хранат многумина“.
,,Те молам, о Господи, мојот живот да биде како звуците на чистата чудесна музика, утеха да дарува насекаде на сите луЃе во нивните теШки дни. ПрестанувајЌи со војната, да слуШаат, и со духот укрепувајЌи се со радост да се фатат за својата работа. Се молам од ден за ден мојата судбина постојано да звучи како жица. И таа непрестајно да го лечи срцето од дамнеШната болка, подигајЌи ги мислите над зимската долина, со хармонија нивниот живот да го исполниШ! О, дај ми сила да с# исполнам! Сакам така да живеам; а кога од земјата Ќе исчезнам, музиката на мојата судбина нека не престане да звучи“.
Повикот на будење ја означува големината која во нас с# уште спие и која треба да се разбуди. Во една од посланиците на Светиот апостол Павле до Тимотеј, тој го замоли да го распали Божјиот дар, кој е во него (2 Тим 1,6). Тимотеј не правеше с# за што беше способен. Кога Светиот апостол Павле го пишуваше посланието, во неговиот ум имаше слика на собран оган (запален), кој едвај тлееше и тој го молеше Тимотеј да го разгори за да се запали во силен пламен. Нема недостатоци во духовните дарови и во прекрасните можности во срцата и животите на христијанинот, но тие с# уште не се искажуваат во полна мера и треба да се разгорат.