За прв пат излезе од печат Акатистот на преподобниот отец наш Јоаким Осоговски

10/10/2021

По големата Божја милост за прв пат излезе од печат Акатист на преподобниот отец наш Јоаким Осоговски, Сарандопорски пустиножител.

Во оваа книшка посветена на преподобниот, содржано е неговото житие, акатистот на македонски јазик со паралелен превод на црковнословенски јазик, како и тропар, кондак и величание мелографирани по традицијата на источното пеење и со паралелен превод на западна нотација. Оваа книшка е збогатена и со стихови посветени на преподобниот Јоаким од едициите Манастирски води на сестринството на Слепченскиот Манастир Свети Јован Претеча.

Преподобен оче Јоакиме моли Го Бога за нас! 

Славен е Бог во Светиите Свои!