За единството - старец Георгиј Капсанис

19/04/2022

Слушнавме од апостолското чтение, кое што е од првото послание кон Коринтјаните на апостолот Павле, дека ги поттикнува Коринтјаните, но и сите Христијани од сите векови, да се обединети во Црквата во едно единство, не надворешно, туку духовно и внатрешно.

„Браќа“ вели, „ве молам вас во Името на Господа наш Исус Христос, сите да го велите истото“.  „Ве молам во Името на Исус Христос – не го вели ова во негово име, туку во Името Христово, кое што е и глава на Црквата, - да го кажувате сите истото.“ Да не вели еден едно, друг друго. Да не постои разногласие внатре во Црквата, помеѓу христијаните. Да не постојат различни мислења и гледишта и учења, но сите да го следите мислењето, учењето и духот Христов, за да сте во едногласие.

„И да нема расцепи кај вас“ „и да не се делите помеѓу вас со расцепи“. „Туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла“, „и соединети сите да имате еден ум и една мисла“.

Имено, очигледно е од овие (нешта) што им ги вели апостолот, дека не бара, како што реков на почетокот, едно надворешно единство, на некој начин едно задолжителено единство, туку едно духовно единство, од духови, едно единство на срца во Црквата Христова.

Не само да не се вплеткуваме и да не ги искажуваме разногласијата наши, туку дури и да немаме разногласие, бивајќи сите согласни со мислата и волјата и со умот и со учењето Христово. Е тоа ти е вистинско единство внатре во Црквата Христова.

Се чини дека тогаш во Коринт христијаните имаа почнато помеѓу нив да се препираат, да се поделуваат во групи. И едни да се фалат дека се група на Павле, други на Кифа, трети на Аполос. А некои велеа „ние не сме ниту на Павле, ниту на Кифа, туку на Христос“. И затоа апостолот ги вразумува денес, но како што рековме преку нив нѐ вразумува и нас, оти овие (нешта) не се сместувачки во Црквата Божја. Во Црквата Божја не треба да постојат групирања, култ на личности, главни, позади коишто се прилепуваме ние.  Еден е Возглавителот, Еден е Главата – Христос. И сите треба да го имаме умот Христов, духот Христов, етосот Христов, учењето Христово, Евангелието Христово. И колку повеќе ние го имаме Христа вистински, толку помеѓу нас сме во едноумие и се согласуваме. Кога пак секој еден од нас го толкува Христа како што тој сака, тогаш е природно да се поделуваме помеѓу нас и да го немаме единството на срцата и на мислата и на грижата која што треба да ја имаме како христијани и која што го сочинува јадрото на Црквата Христова.

Секако тешко е да го имаме тоа свето единство, тоа „едномислие“ за коешто ни беседи евангелистот Лука во Делата на апостолите, дека го имаа првите христијани, дека беше „срцето и душата нивна едно“. Тешко е бидејќи преовладува самољубието наше. И да, од една страна се крштеваме, се  исповедаме, се причестуваме, се молиме, но и стариот човек останува во нас. И овој стариот човек е она што нѐ разделува внатре во Црквата и ги создава рацепите и различни групирања и прави понекогаш овие работи да се борат помеѓу нив.

Но колку христијаните се предаваат на Христа, колку го потчинуваат стариот човек на Христа и се обновуваат со Христа, толку доаѓа единството внатре во Црквата. Единството се разбира е дар на Духот Свети. Не е нешто коешто ние го правиме. Е нешто кое што Бог го дарува на Црквата Си. Но ние треба да работиме да сме достојни за дарот на единството. Не можиме да чекаме од Бога да ни го подари единството како магиска работа внатре во Црквата. Ако ние не се подвизуваме да сме достојни да го примиме дарот на единството, единството нема да дојде и не ќе бидеме обединети срдечно внатре во Црквата Христова.

И ако ова срдечно и духовно единство е нешто за кое што треба пастирите и христијаните во светот да се подвизуваат да го одржуваат добро со напор и со труд и со пастирска грижа и со жртва духовна, многу повеќе потребно е да се исполнува внатре во општежитието.

Зашто една од причините за која што постојат општежитијата, монашките општежитија, е за да го остваруваат ова свето единство како членовите на Телото Христово, со Христа и помеѓу нив на еден начин совршен колку што е можно.

И ако во светот се простува некогаш да не се христијаните обединети, да го немаат ова свето единство, како што го бара Бог, во еден совршен степен, во општежитеието ова е неопростиво. Зашто во општежитието постојат сите услови монасите да се поврзани помеѓу нив со ова свето единство во совршен степен.

Меѓудругото, затоа стигнавме тука, не за да дојдиме и секој да го следи патот негов и верувањата негови или начинот на подвиг којшто тој самиот го мисли, туку за да се предадеме цели на Бога и на старецот, со цел Бога и старецот, духовниот ни отец, да нѐ обликуваат по обликот Христов. Не ние како што мислиме дека треба да се образуваме, туку затоа што Христос сака да нѐ образува преку старецот и преку преданието Христово. Зашто овие две нешта нѐ образуваат во оштежитието: крепкото предание на Црквата и на монаштвото и духовниот наш отец.

И се гледа од учењето на Светите Отци, но и од целото до сега духовно предание на Православното монаштво, дека сигурноста на монасите за да стигнат до ова единство на срцата е неограничената доверба нивна во духовниот им отец.

Кога сите монаси се обединат духовно со старецот нивни, се обединуваат и помеѓу нив духовно и стигнуваат во ова свето единство. 

Секако ова не е долг само на монасите, да го прават овој подвиг, да се обединуваат духовно со старецот нивни за да се и помеѓу нив едномислени и да постои истата мисла, истиот дух во манастирот. Туку долг е и на духовниот отец, да се однесува кон браќата со благодатта Божја на ваков начин, за да браќата осетат дека постои кај старецот можноста да ги обединува со него, и со Христа и помеѓу нив.

Имено, браќа, ова е подвиг наменет за сите – и за мене и за вас – како да се подвизуваме сите секојдневно да се обединиме со Христа, да се обединиме помеѓу нас и да го имаме во општежитито ни она што го вели апостолот Павле, да не велите за секого различно, но, да го кажувате она што го вели Христос, што го вели Црквата, сѐ што вели Преданието на монаштвото, сѐ што вели старецот. Ако се подвизуваме сите по молитвите на светиот апостол Павле да го постигниме ова свето единство, коешто го бара од нас Самиот Христос, и од мене што сум старец, и од вас кои сте потчинети, од сите, од првиот монах до последниот искушеник.

Превод на сестринството на Манастирот Свети Јован Прeтеча Слепче