ВЕЛИКИ

15/04/2020

Четврток настапува,
Еј Боже Господи,
Каде ја ставив мојата наметка
За да Те следам Тебе на исмевања ?

Пасхално Јагне, Ти за мене подготвено
Катаден за мое спасение принесено,
Во овој четврток, и сите четвртоци,
Мисли ми бегаат како потоци –
Да не сум јас тој кој ке Те предаде,
Умудри ме, Ти кој живот ми подаде.

Велики е овој четврток
Кога од Тебе, од љубов Твоја - Напрсток
Беше испратен вера да искаже,
Со тело и дух издржа, Тебе не Те предаде.

Велики е повторно вечно
И овој четврток
Како и оној востановен на повидок,
Кога слуга Твој дозволи тело да се принесе
На клада од љубов да се вознесе.

Блазе си на Кипријанови желби исполнети
Удел да имаат во Твоите болки,
Сега непотребност има од соништа
Кога душа негова е дел од вечноста.

Малку, малку
Дозволи глава да ми се ороси,
Од тие жарје усвитени
Со благодат залеани,
Душа со сили да се одмори,
Да се залечи, човек преобрази.

Четврток, а очи за солзи пресушени,
Мисли остануваат осудувачки
Рани од страсти во струпје претворени,
Само мисли под Крстот, во погром претворени.

 

поезија од стихозбирките Манастирски води на сестринството на Слепченско Претеченската обител