ТИШИНА

17/11/2019

Различна од мирот
Легнала во моите уши
Го стивнала немирот
Лек ли е за нашите души ?

Извор има во ноќта
Утрински ветер друштво и прави,
Не му ја зема моќта
Тежнее врвови од борови да зарамни.

Од секого посакувана
Кој до неа воздишка испраќа
На очи дремка спушта,
Нежна е нејзината става.

Кога би можела да се пренесе
Од бран во уши, до моите гради,
Немир од срце да однесе
Колку ли тоа ке ја награди.

На некој ден во беспаќе носи
За пустиник патека постила,
Едниот на мирот пркоси
За другиот тоа се неговите носила.

Може ли да се вметне насила
Во убост човечка сива,
Ех, таму ќе се сретне со лудила
На желби и планови од населба дива.

Подари ми крила безшумни
Да продрам во нејзини пазуви,
Да седам покрај нејзини извори,
Чекорам по нејзини дворови.

Простор таа има кај секого,
Различни одаи припремила
За поинакви нарави,
Затоа не се плаши од никого.

Мудро се повлекува
Кога има бура,
Но штом сонце изгрее
Се претвора во самовила.

На уво раскажува за вечноста,
На глава носи добра помисла,
Срце заобиколува
Како нежна копрена,
Време смирува.

Од поезијата Манастирски води - Лебедот