Ластовички

15/08/2020

Чиниш се приземји

ластовичка една или множини

долетале, пред очи се укотвиле,

и од градиве впиле.

 

Но на јаве

сон не гледав,

магла во ноќ не се подигна

див коњ и ветер глувонем

зајдисонце испратија.

 

Тогаш, како китки се појавија

ластовички кои здив ми следеа,

незапирливо слика исликаа

и со булки поглед ми исполнија.

 

Бидете булки невенливи,

ластовички неуморни

кои утра препознаваат

и на залезот се радуваат,

зашто денот тој не осамнува

туку во ново утро се раѓа

за да ластовичка во клун пресретне,

човекова радост

и Божја слава.

 

Поезија на сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче