50 поуки на светиот Теофан Затворник III дел

05/12/2019

Спасение на себеси и поправање на другите

      42. Кој ви кажа дека е тешко да се спасиш? Потребно е само да се посака, и одлучно да се зафатиш за делото - и спасението е готово.

      43. Секаде е можно да се спасиш и секаде да пропаднеш. Првиот ангел меѓу ангелите отпадна. Еден апостол помеѓу апостолите во присуство на Самиот Господ отпадна.

      44. Вие станете исправни - тогаш и свештеникот ќе се промени. Ќе размисли: со овие не може било како да се служи, треба да се служи со стравопочит  и да се воведат поучни беседи.

      45. Демонот, погубителот на душите, преку ревноста за  спасение на сите,  ја воведува во пропаст душата на оној кому му внесува такви мисли.

Православна Црква и Вера

  1. Да верува и' е својствено на возвишената и велика душа, а неверувањето е белег на неразумната и ниска душа.
  2. Треба да се знае вистината и да се верува во неа: каде можеш да ја добиеш неа ако не во Црквата, која е ,,столб и утврдување на  вистината” (1. Тим. 3:15)? Тебе ти е неопходно да примиш благодат: каде ќе ја најдеш ако не во Црквата, хранителката на Светите Таинства, без кои не се дава благодатта? Потребно ти е да имаш вистинско раководство, и во делата на раководење и  во делата на животот: каде ќе го најдеш  ако не во Црквата, во која е единственото од Бога устроено и востановено пастирство? Треба да се соединиш со Господа Исуса Христа: каде  ќе се удостоиш на тоа, ако не во Црквата, чија глава е Христос Господ?
  3. Католиците го поматија апостолското Предание. Протестантите се зафатија да ја поправат работата но уште полошо направија. Кај католиците папата е еден, а кај протестантите, ни  протестантот  ни  папата.
  4. Кој вели: ,,Јас, и дома молејќи се, можам да го привлечам Небесниот Дух” тој прилега на човек кој се надева да ја угаси жедта со замислување на водата.
  5. Кога ќе ослабат или се изменат начелата: Православие, Самодржавност и Народност, рускиот народ ќе престане да биде руски.

(превод од руски сестринството на манастирот)