Калиграфија


Уметноста на калиграфијата е посебна дисциплина на ликовното изразување

По својата природа е најблиска на книгата и книжевноста,
а по суштина е уште поблиска до музиката.
Калиграфот слично на музичарот се занимава со компонирање на буквени тонови,
подредувајќи ги во хармоничен однос,
употребувајќи светли и темни звуци на нивните дуктуси,
и прилагодувајќи ги на посакуваниот ритам.
Станува збор за ритам кој не се изразува само визуелно,
туку и временски, со оглед на тоа што работата на читањето сеуште трае.

Калиграфот е близок на музичарот затоа што се занимава со дисциплина
која бара навежбување и творечка кондиција.
Оваа врвна рачна работа се одржува со висока самодисциплина и упорност во работата,
слично на постојаното музицирање на инструменталниот солист.

Денес, возобновеното ателје на сестринството под менторство на познатиот калиграф иконописец Рада Маријанович, со Божја помош ги открива тајните на големите мајстори калиграфи на Слепченскиот манастир, со цел да ја продолжи традицијата.