Иконопис
Ние примивме ( преку Светото предание ) дека кога го испишуваме на даската Господ нашиот Исус Христос по човечки црти, т.е. по Неговото видливо Богојавление ( κατα την ορατην αυτου Θεοφανειαν ), тоа го правиме заради трајно памтење на Неговиот живот во тело, Неговите страдања и спасоносната смрт, и од неа произлезеното искупување на светот, и преку тоа ја сфаќаме висината на смирението на Бога Логосот.
– Свети Герман патријарх Константинополски
Стариот слaвјански израз Иконик означува личност која создава дела во рамките на црковните канони и од нив ништо не препишува како свое. Иконописецот го прочистува живописувањето од сѐ што е индивидуално, не се потпишува на иконите бидејќи црковната уметност е соборна, он е само извршителот и најопасна се јавува замената на преданието со личниот израз, така што пренесување по сликарска фантазија или модел би значело свесно отстапување од прототипот.
Верноста кон преданието, не е верност кон старината, туку жива врска со светоотечкото искуство, основната грижа на иконописецот е восредоточеност на пренесување на преданието, прикажување верно на типологијата.
Изворен е оној иконописец кој допира до Изворот, односно до Бога.